Компанијата Amazon развива терминали за плаќање во продавниците за малопродажба во кои наместо кредитни картички или други системи за безготовинско плаќање ќе ја читаат дланката на корисникот за време на трансакцијата.

Wall Street Journal вели дека технолошкиот гигант веќе го нуди својот систем кој го поврзува отпечатокот на корисникот со неговaта сметка, за плаќање во кафетерии, ресторани за брза храна и други фирми кои имаат постојани клиенти.

Amazon, исто така, наводно веќе работи со Visa и преговара со Mastercard за тестирање на својата иновација.

Ниту една од наведените компании не одговори на прашањата на новинарите за новиот систем.

New York Post минатиот септември објави дека Amazon тестира биометриски скенери за плаќање со дланка на автомати во своите канцеларии, а сличен систем планира да воведе во своите Whole Foods супермаркети во текот на 2020 година.

Една од подружниците на Amazon во Индија, исто така, кон крајот на минатата година поднесе барање за патент, со кој би се идентификувале биометриските карактеристики на дланката, која би ги анализирале сите карактеристики на тој дел од телото, како што се брчките и вените.

Извор: Bankar.me