Најдолгото затемнување на Месечината на векот траеше околу 103 минути. Реткиот спектакл на Месечината исто така беше придружуван од особено светол Марс. Дури за 105 години ќе има уште подолго целосно затемнување.

Месечината се презентираше со најдолгото целосно затемнување на 21 век во спектакуларна црвена боја. Целосното затемнување на Месечината започна околу 21:30 часот и траеше до околу 23:15 часот.

Не само во Германија, туку и во поголемите делови на Европа, Азија и Северна Америка, можеше да се проследи целосно затемнување на Месечината.

Природниот спектакл се случува само при полна Месечината, кога Земјата е помеѓу Сонцето и Месечината. Сите три небесни тела, исто така, мора да лежат во иста линија, така што Месечината се наоѓа во сенката на Земјата.

Црвената боја на месечината е предизвикана од сончевата светлина, која се прекршува во атмосферата на Земјата. Преку ова прекршување, само долгите, црвени делови од светлината стигнуваат до Месечината, и ја претвораат  во „крвава Месечина“.

Целосното затемнување на Месечината беше исклучително долго со вкупното траење од околу 103 минути. Дури на 9 јуни 2123 година, би требало да има три минути поодолго целосно затемнување на Месечината.

Blood moon forms in East

We’re in Iraq, watching the longest total lunar eclipse of the century as a blood moon forms over most of the Eastern Hemisphere

Posted by CNN on Петок, 27 јули 2018