Xiaomi е подготвен за објава на сопствена технологија за брзо полнење. Популарниот кинески бренд утре би требало да ја официјализира Super Charge Turbo технологијата, кога ќе бидат познати и официјалните детали за тоа што донесува. Во меѓувреме, соосновачот и претседател на компанијата, Бин Лин објави видео кое ја демонстрира новата технологија.
Super Charge Turbo ќе биде најбрзата светска флеш технологија на полнење, нудејќи 100W опција на брзо полнење преку кабел. Технологијата овозможува телефонот со батерија со капацитет од 4000mAh да се наполни до врв за само 17 минути. Ова е значајно побрзи од она што го нудат актуелните решенија. Huawei 55W SuperCharge технологијата за Mate X овозможува 4500mAh батеријата на уредот од 0 до 85% да се наполни за 30 минути.
Моментно, Xiaomi нуди само до 27W брзо полнење преку кабелот за телефони. Меѓутоа, дури и премиум Mi 9 моделот се испорачува само со полнач од 18W во пакувањето. Дали ќе видиме некој премиум Xiaomi телефон опремен со Super Charge Turbo полнач во текот на оваа година, останува да се види.
Поврзани артикли