Apple ја објави iOS 12.2 верзијата на оперативниот систем за поддржаните iPhone, iPad и iPod Touch уреди. Оваа верзија на мобилната платформа на компанијата додава поддршка за новата Apple News+ услуга, која ќе биде достапна во Соединетите Американски Држави, а понатаму ќе се појави и во другите делови на светот.

Apple News+ се наоѓа во рамките на Apple News апликацијата, која е преинсталирана во iOS, а со себе донесува претплата на преку 300 списанија, дигитални публикации и водечките весници. Апликацијата и натаму ќе ја има бесплатната содржина на која кориснците се веќе навикнати.

Покрај ова, iOS 12.2 донесува и нови Animoji емотикони – жирафа, ајкула, вепар и був. Тука се и доделените контроли за ТВ, AirPlay мултитаскинг, а Siri може да репродуцира видео од iOS уредите на Apple TV. Вообичаените исправки на грешки и подобрувањата се исто така присутни.