Apple синоќа претстави неколку услуги, додека Huawei денеска ја одржа големата презентацијата на премиум P30 линијата смартфони. Иако се чини дека времето на одржување на двата настана е случајност, одделението на Huawei од Ирска не се воздржа и одлучи јавно да ја испровоцира компанијата од Куперино преку следниот твит “Фала на загревањето, Тим”.
Иако за некој споменатиот твит е забавен и смешен, постојат и голем број на оние кои коментарот не го прифатија на најдобар начин, напаѓајќи го кинескиот производител на телефони, вклучувајќи го и фактот дека CFO на компанијата , Meng Wanzhou имала три Apple производи кај себе во моментот на апсењето.
Други исто така потенцираа дека Huawei во минатото своите промоции ги спроведувал во стилот на Apple, вклучувајќи ги и сличностите помеѓу најновата Matebook X Pro маркетиншка кампања и било која промоција на MacBook.