Кон крајот на минатата година, Microsoft ги потврди гласините за тоа дека компанијата го преработува својот Edge браузер, користејќи г отворениот код од Chrome наместо EdgeHTML. Овој викенд се појавија нови скриншотови на Edge, кој е засниван на Chromium, давајќи ни појасна слика за амбиците на Microsoft за веб-прегледникот.

 

Скринштотови ни ги донесуваат The Verge и Thurrott, кои независно успеаја да дојдат со интерните билдови на Microsoft Edge заснован на Chromium. Иако не е подготвен како build посготвен за јавност, функциите во него се прилично стабилни.

Во својата моментна форма, прегледникот изгледа повеќе како Chrome, а помалку како Edge, но Microsoft имплементираше голем број визуелни измени кои услугата ќе ја вклопат во Windows 10 дизајнот, наместо во Google Material Design. Ова посебно се однесува на Settings страницата.

Дополнителна функција, со која многумина ќе бидат задоволни е дека Edge има експериментален темен режим во подготовка. Исто така, новата синхронизација е заснована на Microsoft профилот на корисникот, а не на сметката на Google.

Потврдено е дека постоечките Chrome екстензии работат како што се очекува на новиот Edge, кои е можно да се инсталираат директно од Chrome Web Store. New Tab страницата е исто така целосно преработена. Edge сега нуди опции, како што е “Inspirational”, како и потрадиционалните “Informational” и “Focused” позадини за страни.