Archos на 21. март, на настан во Париз претстави нов Android таблет. Се работи за таблет уредот наречен Play Tab, кој како што сугерира самиот назив првенствено е наменет за забава.
Play Tab е замислен како десктоп таблет, а причина за тоа е што корисниците доста тешко би можеле да ракуваат со 21,5-инечн таблет како со обичен, чии екрани се најчесто под 13 инчи. Како што можете да видите на приложената фотографија, Archos овој таблет го замислува како замена за класични друштвени игри, од типот „Човече не лути се”, „Монопол”, UNO и слично.
Замислатa е наместо мноштвото картонски и други кутии, семејствата да имаат еден таблет во кој ќе се наоѓаат сите интересни игри за нив. Ваквиот пристап секако има свои предности, на пример, нема повеќе загубени коцкички, фигури, картички и слично, но има истрошени батерии, кои и покрај капацитетот од 5000 mAh, сепак треба да се надополнуваат, што би било малку потешко доколку PlayTab се понесе на излет, а воедно се заборави да се понесе powerbank.
Archos не обелодени многу од спецификациите на идниот уред. Наведе само дека ќе има 21,5“ FHD екран, осмојадрен SoC, 3 GB RAM и 32 GB интерна меморија и како што веќе наведовме батерија од 5.000 mAh, барем така стои во соопштението за медиумите, иако на официјалните страници се наведува капацитет од 10.000 mAh.
Поврзани артикли