Апликацијата која дигитално ја отстранува облеката од жените на фотографиите и креира лажни голи фотографии е повлечена од интернет.

Апликацијата под името Deepnude чинеше 50 долари, а нејзините креатори ја повлекоа откако беа остро критикувани. Својот потег го коментираа, истакнувајќи дека “светот се уште не е подготвен за таква апликација”.

“Веројатноста дека луѓето ќе ја злоупотревуваат апликацијата е преголема. Не сакаме да заработуваме пари на таков начин”, изјавија креаторите на апликацијата.

Сите оние кои ја купија апликацијата ќе ги добијат своите пари, а креаторите соопштија дека нема да има други верзии. Исто така, го повлекоа правото на користење на апликацијата и ги замолија оние кои имаат копија на апликацијата, да не ја делат. Сепак, апликацијата е се уште функционална кај оние кои претходно ја купиле.