Вградениот антивирус на Windows 10 оперативните системи, Windows Defender, стана значително пофункционален. Оваа недела софтверскиот гигант соопшти за новиот метод за блокирање на непознати опасни апликации.

Microsoft најави дека на оперативниот систем Windows 10 се доволни 10 секунди за анализа на датотеката, кој би можел да содржи штетен код. При откривање на сличен опасен код, Windows Defender реагира не само на предметниот локален компјутер, но и на сите корисници со овој анивирус.

Брзата реакција на Windows Defender се должи првенствено на употребата на нови облачни технологии. Истовремено со анализата на датотеката се спроведува и мониторинг за присуството на опасно однесување во системите.

При откривањето на сомнителна датотека се остварува барање до електронскиот облак. Ако датотеката е непозната, серверот добива негова копија за проверка. Се користи класификатор со моќни механизми на машинско учење. Во облакот се генерира клуч, кој се испраќа на клиентот. Windows 10 ја блокира датотеката и пријавува во облакот, за да се заштитат и другите корисници. Сето ова трае само 10 секунди.

Можни се дополнителни поставувања – вклучување и исклучување на облачна анализа, како и подлабока анализа во текот на една минута.

Сето ова работи само во последната верзија Windows 10 Creators Update. Во надградбата Windows 10 Fall Creators Update се очекува развој на оваа технологија.