Спецификациите кои што кружат на интернет се навистина импресивни – екран поголем од 6,6-инчи, одличен хардвер, 6 камери и поддршка за 5G.
Кога станува збор за Note 10, на предната страна ќе бидат сместени две селфи камери, слично како кај Galaxy S10 Plus моделот, додека на задниот дел од телефонот ќе бидат сместени четири камери.
Освен класичната, примарна камера, новиот Note 10 ќе има камера за зумирање (двете камери ќе имаат резолуција од 12 мегапиксели), како и уште една „широкоаголна“ камера од 16 мегапиксели и 3Д 16 мегапиксели ToF камера.
Што се однесува до хардверот, тука не би требало да има изненадувања, па Note 10 ќе работи на најмоќниот процесор кој е моментално на пазарот – Snapdragon 855 или Exynos 9820. Исто така, Note 10 најверојатно ќе има поддршка и за 5G мрежа.
Претставувањето на овој модел се очекува да биде на 8-ми август, а според некои гласини, новиот модел ќе биде нешто поскап во однос на минатогодишниот модел.
Извор: Zimo.hr / Forbes.com
Поврзани артикли