Властите на Јужна Кореја сфатиле колку опасности ги демнат невнимателните пешаци во сообраќајот, занесени во пребарувањата на својот паметен телефон и се цврсто решени да им помогнат.
Името „телефонски зомби“ се користи за луѓе кои не можат да ги тргнат очите од екранот на своите мобилен телефон, дури и кога одат по улица.
За разлика од американскиот град Хонолулу, во Кореја дури ни забраната за употреба на паметни телефони која се однесува и на пешаците додека се во јавен сообраќај, односно при преминување на улица, не дава резултати. Во јужнокорејскиот град Илсан, влегува во употреба систем за предупредување кој би требало да ги алармира пешаците преку LED светло во боја дека се во опасност, односно дека странично наидува возилот. Обратно, телефонот би проектирал симболи кои ќе послужат како предупредување за возачите дека наидува пешак.
Системот за предупредување користи радарски сензори и камери кои реагираат на температурни промени. Сепак, главниот проблем со ова решение е неговата цена, која достигнува висока бројка од 12.000 евра. Кога се приближува автомобил, истиот се регистрира преку сензорите кои автоматски ги активираат сите светлосни сигнали. Технолошкото решение е обезбедено од страна на Институтот за Цивилен инженеринг и услуги во градежништвото (KICT).
Паметните телефони играат се поголема улога во Јужна Кореја како општество, а според една неодамнешна студија, 94% од возрасната популација во оваа земја, поседува ваков уред, за разлика од Америка, каде што процентот е на ниво од 77 или Јапонија, каде што е уште помал, 59% .
Во исто време, во 2017 година во Јужна Кореја во сообраќајни несреќи настрадале повеќе од 1.600 пешаци, што е околу 40% од вкупниот број на загинати во сообраќајни несреќи во таа земја.
Од системот за предупредување се очекува значително да го намали бројот на несреќи со трагични последици, а во прво време оваа технолошка иновација ќе се користи во горенаведениот Илсан, кој се наоѓа на околу триесет километри северозападно од Сеул. Во следната фаза, системот ќе се применува во целата земја.
Поврзани артикли