За луѓето кои не сакаат своите обични часовници да ги заменат со паметни, а сакаат да користат нешто од паметната технологија, Sony нуди паметно ременче наречено Wena Wrist, кое е опремено со OLED екран, сензори како кај фитнес алките и поврзување со паметен телефон и читање пораки, добивање известувања за повици и други функции што ги имаат паметните часовници.
Ова не е нов производ, бидејќи Sony го претстави првото Wena Wrist ременче во 2015 година преку кампања за групно финансирање. Паметните ремени за часовници се продаваа само на јапонскиот пазар, а сега конечно стигнаа и во Европа. Засега ги има само во Велика Британија, каде што ќе може да се купат по цена од 129 до 515 долари.
Sony верува дека овие каивчиња ќе бидат посебно интересни за луѓето кои носат луксузни класични часовници затоа што ќе им овозможат да следат многу мобили трендови. Ѕony ги нуди каивчињата во различни дизајни – класични, кожени и метални. Би ставиле ли вакво каивче на Rolex?