Огнена топка во декември минатата година експлодирала во атмосферата на Земјата, тврди NASA.
Станува збор за експлозија од метеори над Беринговото Море, дури десет пати посилна од атомската бомба во Хирошима. Моќната експлозија се случила во близина на Камчатка, над водите на Беринговото Море. Експлозијата била детектирана од воен сателит, a NASA била известена од Американските воздушни сили..
Инцидентот се случил на 18 декември минатата година, кога огнена топка навлегла во атмосферата со брзина од 32 километри на час. Метеорот експлодирал, не го допрел тлото. Експлозијата била со уништувачка моќ, посилна од нуклеарната бомба пуштена над Хирошима во 1945 година.
Според NASA, ваква огнена топка се очекува два до три пати на секои стотина години. Експлозијата се случила на висина од 25.6 километри над површината на Земјата. Ослободени биле 173 килотони енергија.
Извор: Klix.ba