Неврохирургот Ерик Леутхарт од Универзитетот „Вашингтон“ истакнува дека во иднина на луѓето ќе им бидат всадувани миникомпјутери во мозокот, со што ќе се формира вид „натчовек“ кој преку мислите ќе комуницира со себе и со апаратите.

Бидејќи електрониката на компјутерите станува сè помала, наскоро без поголем проблем ќе може да се вградува и во човечкиот мозок.

Леутхарт наведува дека „телепатите“ ќе можат да пренесуваат информации до другите луѓе и апарати користејќи ги имплантите во мозокот.

„Прашање е само кога ќе почне тоа. Дали по десет или по сто години. Се работи за неизбежен развој на човештвото“, наведува Леутхарт, кој напишал два романи и една драма „за да го подготви човештвото за промените што доаѓаат“.

Со оглед на брзината со која се менува технологијата, не е неможно да се замисли дека за 20 години сето она што е сместено во мобилните телефони ќе има големина на зрно ориз.

„Уред со таква величина би можел да се вклопи во човечка глава на минимално инвазивен начин, за да може да врши работи кои се потребни за да се формира мозок-компјутер“, наведува тој, а го пренесуваат научните портали.

Сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, веќе развива начини за поврзување на луѓето со компјутерите.

Проектот се заснова на технологијата „невронска тантела“, а станува збор за ситни електроди вметнати во мозокот. Еден ден преку нив би можело да се внесуваат и симнуваат мисли од мозокот во компјутер.

Маск смета дека „невронската тантела“ ќе може да им помогне на луѓето со тешки мозочни повреди веќе за четири години, а оваа технологија во стилот на „Матрикс“ за осум до десет години ќе биде достапна за секого.

Извор: B92.net