Откако се појавија комплетните спецификации на претстојните смартфони Huawei P30 i Huawei P30 Pro, сега имаме и нови фотографии, кои досега на најдобар начин ги прикажуваат двата модела. Премиум уредите се прикажани во црна варијанта.

Како што е прикажано и на претходно протечените рендери и фотографии, P30 и P30 Pro ќе имаат засек во облик на капка од предната страна и дизајн речиси без рамки. Стандардниот модел ќе има рамен дисплеј, додека Pro верзијата ќе има двојно закривен екран, сличен на Mate 20 Pro. Покрај црната боја, која е видлива на овие рендери, P30 Pro ќе биде достапен и во Sunrise Red, Twilight i Aurora верзиите, додека P30 ќе биде достапен во Twilight, White и Blue варијанти.

Задната страна на двата теледона нема видливи сензори од отпечатоци од прсти, што укажува на тоа дека ќе бидат сместени под дисплејот на уредите. Кога се во прашање камерите, P30 Pro ќе има четири на задната страна, додека стандардниот P30 ќе има три сензори.

 

Huawei P30 и Huawei P30 Pro ќе бидат официјално претставени на 26. март во Париз.