Counter Point Research објави извештај за иднината на индустријата на безжични слушалки. “Глобалниот пазар за безжични слушалки ќе достигне 129 милиони примероци до 2020. година”, вели најновиот извештај на истражувачката компанија.

Компанијата овој раст го припишува на големото исчекување на новата генерација AirPods слушалки, кои се очекуваат наскоро и ќе бидат агресивно промовирани од Apple за да се компензира неодамнешната послаба продажба на iPhone уредите. Истовремено, CPR очекува AirPods продажба од околу 35 милиони примероци, што ќе сочинува околу 75 проценти од вкупниот пазар на безжични слушалки.

Се очејкува дека Samsung (кој само што ги објави Galaxy Buds), Bose, Jabra, Huawei, Bragi и LG дополнително ќе ја засилат продажбата на овие уреди, а на трендот би требало да му се придружат и Google, Amazon и Plantronics.

Паметните асистенти во овој тип носечки уреди, дополнително ќе го придвижат пазарот напред, а истовремено ќе ги исполираат другите корисни функции, како што е управувањето без раце, преведување во реално време, следење на виталните информации за здравјето и друго.