Повеќето антивируси на Android мобилните телефони практично не прават ништо – тие не се справуваат со главната задача, за која се дизајнирани – да ги заштитат корисниците од вируси, според студијата на AV-Comparatives.
Околу 250 антивирус апликации се тестирани во официјалната продавница за апликации на Google Play. Само околу една третина (80 апликации) успеале да откријат над 30% од заканите за време на тестовите.
Тестовите не биле особено сложени – експертите инсталирале антивирус на уред со Android, а потоа го отвориле прелистувачот за да преземат и инсталираат штетна програма.
AV-Comparatives тестирала по 2.000 пати секој од антивирусите, користејќи 2.000 од најчестите видови малициозни програми за Android, откриени минатата година.
Резултатите од тестовите покажуваат, дека неуспешните 170 од вкупно 250 антивируси за Android се напишани од програмери-аматери или развивачи на софтвер, кои практично не размислуваат за безбедноста на податоците на корисникот.