Компанијата Apple потврди дека на 25. март ќе го одржи својот медиумски настан, а се очекува дека ќе ја претстави својата нова ТВ стриминг и Apple News претплатничка услуга.
Како и обично, поканата не содржи многу информации, но GIF-от со одбројување и натписот “It’s show time” навестуваат дека новата ТВ услуга ќе има голема улога. Гласините за настанот се појавија кон крајот на март минатата година и говореа дека компанијата ќе се фоксуира исклучиво на услуги. Сепак, се уште постои шанса дека би можеле да бидиме нови AirPods слушалки, нов основен модел на iPad и одложуваниот AirPower безжичен полнач.
Ова не е прв пат Apple да користи слични натписи за некој настан, бидејќи компанијата тоа го направи за настанот од септември, 2016. година на кој беше најавено дека ќе почна да се нудат филмови на iTunes, како и кога е најавен iTV, кој подоцна во 2007. година беше преименуван во Apple TV. Поради тоа, и сега би можеле да видиме ширење на медиумската понуда на Apple за своите уреди.
Покрај телевизиската услуга која ви требало да се појави оваа пролет, Apple ќе ја претстави и Apple News претплатничката услуга. Оваа услуга ќе нуди пристап до магазините и новините на едно место.