Една од најголемите банки во Велика Британија, NatWest, ќе овозможи плаќање со отпечаток на прст, пишува Independent.
Банката тестира нови платежни картички со коишто ќе се елиминира потребата од помнење и пишување на PIN. Малечка кутија вградена во самите картички ќе им овозможи на клиентите да платат за работи што чинат повеќе од (30 фунти) 40 долари, што досега беше лимит на бесконтактните трансакции.
Оваа технологија, исто така, може да им помогне на оние луѓе кои имаат проблеми со помнење на цифри. За првите тестирања ќе бидат одбрани вкупно 200 клиенти. Откако клиентот ќе допре со прстот на означеното место на картичката, истата ќе помине без потреба од внесување на PIN кодот на пос терминалот.
За да ја донесе оваа услуга во Велика Британија, NatWest работеше со компанијата Gemalto, Visa и Mastercard.
Поврзани артикли