Нова алатка на Google ќе му сигнализира на корисникот доколку неговата лозинка не е доволно сигурна и е подложна на хакерски напад. Оние што го користат Google Chrome можат да ја преземат екстензијата наречена Password Checkup, којашто ги следи логирањата на различни веб страни.

На тој начин, кога некој ќе употреби корисничко име и лозинка што не се доволно безбедни, Google испраќа предупредување за промена на лозинката. Алатката којашто е достапна само за прелистувачите на Chrome, е дизајнирана од експерти по криптографија од Универзитетот Стенфорд и од Google. Лозинките и корисничките имиња ќе бидат шифрирани така што Google нема да може да ги види.