Научници од САД, Холандија и Белгија се обидуваат да пронајдат универзално и ефикасно средство за борба против грипот. Со оглед на нивните најави, студијата која ја подготвуваат е пред сам крај.

Експериментите спроведени на лабораториски глувци на кои им била инјектирана молекула способна да го имитира однесувањето на неутрализирачките тела, засега се и повеќе од успешни. Кога се впиваат кај глодарите овие молекули придонесуваат за нивно брзо и целосно закрепнување.

Така, современите лекови кои само го стимулираат имунолошкиот систем да произведува антитела, наскоро ќе добијат нова варијанта, односно нов метод кој овозможува да го започнете процесот на лекување дури и пред инфекцијата да се намножи во внатрешноста на телото. Досега ниту еден глодар кој бил подлегнат на експериментот не починал.