Постојат многу причини поради кои користиме одреден веб-прелистувач, но ретки се оние кои се подготвени долго да ги трпат оние што се бавни при работата.

Во две групи можеме да ги поделиме причините поради кои одредени прелистувачи се побрзи од другите: технички и оние на кои влијаат самите корисници.

Некои аспекти за нивната брзина на работа се однесува на тоа како ги користите. Ова се најчестите проблеми поради кои тие забавуваат веднаш.

1. Надградба

Општо земено, најновите изданија на интернет прелистувачите би требало да бидат и најбрзи, но и најбезбедни. Затоа редовно и брзо инсталирајте ги софтверските надоградби.

2. Додатоци и екстензии

Plug-in-овите, екстензиите и додатоците можат да го направат веб-прелистувачот покорисен, но и да ја забават неговата работа. Затоа нивниот број одржувајте го на неопходниот минимум.

3. Податоците за сурфањето

Интернет прелистувачите собираат голема количина на податоци за тоа како ги користите. Меѓу останатото, во нив се наоѓа историја на пребарувањата, „колачиња“, белешки за превземање на фајловите и многу други работи. Тука се постојано растечките „кеш“ датотеки.

Доколку редовно го чистите тоа што не ви е потребно во вашиот прелистувач, многу е можно тој повторно да „дише“, односно да работи побрзо.

Подетално за тоа што некои прелистувачи се побрзи од другите можете да погледнете во видеото:

Извор: B92.net