Минатиот месец Samsung го претстави својот прв флексибилен телефон – Galaxy Fold. Меѓутоа, изгледа дека јужнокорејската компанија сега работи на уште два преклопни смартфони, со поинаков дизајн.

Galaxy Fold пристигнува со дизајн на преклопување кон внатре, како лаптопите, но еден од претстојните модели би можел да биде сличен на Huawei Mate X моделот – со екран кој се свиткува кон надвор.

Вториот свитлив телефон би можел да биде сличен на претстојниот Motorola RAZR уред. Телефонот ќе има дисплеј кој се свиткува вертикално, како и со помал екран од надворешната страна. Меѓутоа, Samsung би можел да одлучи да го отстрани дополнителниот екран во зависност од тоа како корисниците ќе реагираат на помалиот екран на Galaxy Fold моделот.

Samsung планира телефонот што се свиткува вертикално да го претстави кон крајот на оваа или на почетокот на 2020. година, додека телефонот што се свиткува кон надвор ќе пристигне подоцна,.