За да ги решава онлајн споровите меѓу бројните посетители на глобалната мрежа, Кина воведе институција наречена Интернет суд.

Минатата недела официјално е отворен вториот ваков суд во Пекинг, а неговата задача е да ги решава споровите поврзани со онлајн трговија, договори за онлајн услуги, лични податоци, повреда на интелектуална сопственост и спорови за домени.

Интернет судот во Пекинг отворен е 24 часа дневно, има 38 судии со високо ниво на искуство и сместен е во Паркот на науката Жонггуанкун Фангтаи. Сите активни спорови се достапни преку дигитална платформа, каде можат да се пронајдат и одлуките на судот.

Првиот интернет суд во Кина беше отворен минатата година во Хангжу, а третиот се планира да се отвори овој месец во Гуангжу.