Климатските активисти од „Бунтот против изумирање“ планираат да користат беспилотни летала – дронови во кампања против изградба на трета писта на аеродромот „Хитроу“ во Лондон.

Во предлогот на климатската група се објаснува дека проширувањето на аеродромот не е во согласност со целта за намалување на емисиите на стакленички гасови што Велика Британија ги истакнува како една од нејзините цели.

– Планираме до 18 јуни да спроведеме ненасилна акција со цел аеродромските власти да го затворат аеродромот еден ден, како знак дека прифаќаат дека летањето има огромен геноциден ефект врз прекумерното присуство на јаглерод во природниот свет, се наведува во соопштение на групата.

Со соопштението се додава дека протестот на „Бунтот против изумирање“ не е насочен против јавноста, туку против Владата.