Најверојатно, многу пред појавата на цивилизациите, луѓето си поставувале прашања за тоа кои сме, од каде доаѓаме и која е целта (ако воопшто постои) на нашето постоење. На некои од овие прашања, тие одговори воглавно ги наоѓале во религиозни толкувања и догми.  Со зголемување на знаењето низ вековите, а особено со рапидниот подем на науката во 20-тиот век, отпочна ера на научно објаснување на Универзумот во кој живееме.

На предавањето во четврток (7 март) во 20 часот, во просториите на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, ќе се зборува за теоријата на Големиот Прскот (Биг Бенг), како дошло до неа и како таа се развива и менува низ децениите, а ќе се опфатат и сценаријата за тоа како нашиот Универзум би можел да „заврши“.

Цената за присуство на предавањето изнесува 100 денари, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето на влезот на амфитеатарот и не е потребна претходна најава, додаваат од Скопското Астрономско Друштво.