Минатиот октомври Facebook соопшти дека наскоро ќе овозможи Dark Mode или темен изглед на својата апликација за допишување – Messenger.

Сепак, четири месеци по ваквото соопштение, компанијата сè уште официјално не ја објави достапноста на ваквата функција.

Сепак, иако нема официјална објава, во апликацијата постои една кратенка која им овозможува на корисниците да го активираат темниот изглед.

Темниот режим на Facebook Messenger може да го активирате со испраќање емоџи од полумесечина во некој од вашите разговори. Веднаш откако ќе го испратите ова емоџи, би требало да се појави известување „You Found Dark Mode!“. Под него ќе има и опција која овозможува да се активира режимот, со назнака „Turn on in Settings“.

Со притискање на ова копче, корисникот ќе биде пренасочен кон менито за поставки во Facebook Messenger, каде што можете да се пронајде и опцијата Dark Mode.

Откако темниот изглед на апликацијата ќе биде вклучен, се појавува порака дека Facebook се уште работи на оваа функција, па поради тоа режимот не е видлив секаде. Во овој момент не е познато дали методот функционира во сите земји и платформи, но во секој случај наскоро се очекува во неговата официјална форма.