Археолозите велат дека наскоро може да се најде гробот на Александар Македонски. Артефакт откриен во урнатините на античка Александрија, се поврзува со изгубенатa гробница, објави The National Geographic.
Научниците го истражувале Птоломејскиот кварт, каде што некогаш живееле членови на кралското семејство. Поради многуте катаклизми што го потресоа регионот во последните 2000 години, истиот сега е дури 11 метри под земја. Во одреден момент таму се појави фрагмент од бела мермерна статуа.
Експертите го испитале и сугерираат дека истиот потекнува од легендарниот војсководец. Ова откритие привлече големо внимание, затоа што за првпат археолозите дојдоа до оригиналните остатоци оставени од времето на градбата на градот. Компјутеризираното скенирање на почвата открило 14 аномалии, од кои еден може да биде и гробот на легендарниот Александар Македонски.
Александар почина ненадејно во 323 п.н.е., на возраст од 32 години. Познато е дека бил погребан во Александрија. Гробот бил место за обожување, но со тек на времето бил изгубен.