За разлика од повеќето автомобилски гиганти во светот, Jeep барем до сега не инвестираше премногу во електрични модели

Можеби затоа што долго време во компанијата се мислеше дека тоа е само минлив тренд, а потоа и дека е невозможно да се заработи од овој тип на возила. Но се чини дека тие времиња се зад американската компанија

Денес се некои други времиња, па Fiat-Chrysler се здружи со групацијата Peugeot-Citroen за да го создаде Stellantis. Преку ноќ електричните модели станаа приоритет, па така вчера во Амстердам се одржа презентација на која Stellantis најави дури стотина нови модели до 2030 годинa, меѓу кои и претставникот на Американците.

Сега може да се потврди дека првиот електричен модел на Chrysler Corporation (чија понуда ги вклучува Dodge, Ram, Jeep и самиот Chrysler) ќе биде оној со значката на Jeep, а ќе дебитира следната година.

Од компанијата не навлегуваат во детали дали тоа ќе биде целосно нов модел или само електрична конфигурација на постоечки Jeep, но според она што може да се види можеме да се заклучи дека моделот по големина е сличен на денешниот модел Compass.

Една година по него ќе го видиме и електричниот Wrangler кој беше најавен минатата година. На крајот на 2023 година, трговската дивизија Ram ќе го претстави електричното комбе ProMaster (всушност препакувано Fiat Ducato), а една година подоцна и пикапот 1500.

Првиот човек на Stellantis, Карлос Таварез, признава дека Ram стои зад конкуренцијата, но дека нивниот претставник ќе го надмине секој ривал во однос на моќноста, автономијата, времето потребно за полнење на батериите, максималната носивост и влечната сила.

Многу смело тврдење бидејќи Rivian R1T, Ford F-150 Lightning, Chevrolet Silverado EV, Tesla Cybertruck и многу други се веќе во оваа категорија. Американците ќе бидат особено импресионирани од новиот „мускулест автомобил со високи перформанси“ со значката Dodge, а тој треба да ги замени претходните модели Charger и Challenger.

Планот на Stellantis е половина од понудата на американско тло да биде на струја до крајот на оваа деценија, како и целокупната понуда во Европа.