Првата хируршка операција со помош на новата генерација на мобилната телефонија со 5G мрежата беше изведена денес од шпански доктор во пренос во живо од главната сцена на Mobile Word Congress во Барселона.
Таа помош веќе беше користена во медицината, но 5G мрежата нуди пократко време за реакција, односно доцнење и подобра слика од претходните мрежи и така ја ограничува опасноста од грешка и им дава повеќе информации на докторите.
За време на операцијата мрежата 5G овозможи доцнење од 0,01 секудна, наспроти 0,27 секунди со 4G мрежата која моментално се користи насекаде во светот. Според експертите, докторите ќе можат да оперираат од оддалеченост преку роботизирана рака.
За време на операцијата, докторот Антонио де Лејси, кој беше присутен на Mobile Word Congress им даваше совети и техничка помош по пат на оваа мрежа на хируршката екипа која изведуваше операција на тумор на црево во болницата Hospital Clinic во Барселона, која се наоѓаше пет километри од конгресната сала.
“Тоа е првата вистинска револуционерна премиера и дури една од бројните предности кои ги донесува 5G”, додава Хофман.
“Ако изведувате операција од оддалеченост, мора да имате поим дека лично сте на лице место. Не може да имате повеќе од една или две милисекунди доцнење. Токму поради тоа 5G е интересна”, рекол генералниот директор на GSMA, Матс Грандрид.
Извор: Zimo.hr