Samsung објави исклучително интересно видео кое детално ги прикажува перформансите на
паметниот телефон со екран на преклопување – Galaxy Fold. Имавме прилика да присуствуваме во живо на претставувањето на револуционерниот Fold во Сан Франциско, но сепак уредот не беше достапен за работење во Hands On зоната, каде беа изложени само смартфоните од Galaxy S10 серијата.

Видео записот е долг четири минути и нема говор во него. Единственото нешто што ќе го видите е демонстрација на работата на уредот, како и неговиот изглед од сите можни агли со најдобро
осветлување.

Како што може да се види и на видеото, Fold ќе може да полни други уреди, исто како Galaxy S10, а се гледа и посебно направениот механизам на делот што се преклупува.

https://youtu.be/z9z_mF4XL4s