Долгоочекуваната алатка на Facebook наречена Clear History, наменета за бришење на информациите на корисниците што оваа социјална мрежа ги собира преку апликации од трета страна или преку веб страници, конечно ќе биде достапна годинава.
Доаѓањето на Clear History го потврди шефот на одделението за финансии на компанијата Facebook Дејвид Венер на конференција што се одржа во САД.
Алатката беше ветена уште минатата година во мај, пред конференцијата на девелопери F8 на Facebook и тогаш беше идеја за враќање на изгубената доверба на корисниците.
Основачот и директор на Facebook Марк Закерберг рече дека оваа алатка ќе биде слична како опцијата за бришење на историјата на пребарување и дека претставува чекор напред во настојувањата на компанијата да го поправи имиџот по скандалот со Cambridge Analytica.
Facebook собира огромна количина податоци за тоа што прават корисниците на социјалната мрежа, но и надвор од неа, па така алатка како Clear History со која корисниците ќе ги бришат информациите за нив значително би влијаела во тоа како Facebook насочува реклами и заработува од тоа.
Facebook наводно планира пролетва да почне со тестирање на новата алатка.
Извор: Klix.ba