Ако ве нервира застанување на црвеното светло, воопшто чекањето на семафори, Audi има решение.
Веќе неколку години, германскиот производител развива технологија што ќе им овозможи на сопствениците на автомобили од овој бренд помалку да застануваат и да чекаат на семафорите.
Системот Green Light Optimized Speed Advisory (GLOSA) користи технологија за комуникција на возилата со семафорската сообраќајна инфраструктура, така што возачот во секое време на инструмент таблата има информации за тоа кое светло го чека на следните семафори, како и тоа по колку секунди светлосната сигнализација ќе се промени.
Ова е овозможено благодарение на таканаречената V2I (vehicle-to-infrastructure) технологија која овозможува комуникација во реално време помеѓу компјутерот во автомобилот и централниот систем кој се грижи за работата на семафорите во градот.
Возачот пред да наиде на семафор на екранот од таблата со инструменти или head-up дисплејот добива информации за тоа дали е вклучено црвеното светло и колку време ќе помине додека не се смени во зелено.
Според Audi, ова ќе овозможи возење со помалку стрес, но, исто така, и многу ќа помага на возачот да избегне било какво намалување на брзината за да запре на семафорот, и да помине низ раскрсницата кога ќе се вклучи зеленото светло.
Целосниот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас