„Мујин“, стартап покренат на Универзитетот во Токио, има развиено роботи кои можат да ги надгледуваат и целосно да ги автоматизираат складиштата.

Меѓу првите ги купи компанијата за е-трговија JD.com (Jingdong), која благодарение на нив го создаде првото целосно автоматизирано складиште во Кина. Компанијата веќе долго време ги користела роботите во складиштето, но сега тие веќе нема да бидат контролирани од луѓето, туку од роботите на „Мујин“.

JD.com почна да работи на комплетна автоматизација на складиштата во Шангај во средината на годината. На 40 илјади квадратни метри, магацинот е опремен со 20 индустриски роботи кои можат да ги подигнат, пренесат и пакуваат пакетите. Роботите, исто така, ја превезуваат  спакуваната стока на бродови или товарни камиони. Во работата им помагаат  камерите и роботите надзорници на „Мујин“.

Наместо вообичаените 400-500 работници потребни за работа во складиштето со наведена големина,  работа ја извршуваат околу 20 роботи.

Сепак, складиштето има потреба од луѓе и тоа само од петмина, но не за пренос на стока или контрола на роботи, туку за сервисирање машини.