Обединетите Арапски Емирати на 25 септември ќе го испратат својот прв астронаут во вселената, а тоа ќе биде Хаза ал-Мансури или Султан ал-Најади, соопштија денеска властите на земјата.
Тие ќе бидат испратени на Меѓународната вселенска станица, но се уште не е одлучено кој од нив двајца, иако владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, нивните имиња ги откри уште минатиот септември.
ОАЕ има амбициозна вселенска програма и сака да го колонизира Марс до 2117 година, каде, според нивните планови, би се формирал и целосно функционален град за 600.000 жители.
Поврзани артикли