Вселенскиот туризам направи огромен чекор напред откако летало на компанијата Virgin Galactic го однесе првиот патник до работ на вселената.
Меѓу екипажот беше и Бет Мозес, главната инструкторка на компанијата која во иднина ќе ги подготвува патниците за летање. Таа стана првата личност која не е пилот, а летала до работ на вселената и е првата жена која летала со комерцијален вселенски лет.
SpaceShipTwo, welcome back to space ? ? pic.twitter.com/5pboTQeRjI
— Virgin Galactic (@virgingalactic) February 23, 2019
SpaceShipTwo достигна висина од 89,9 километри што според стандардите на НАСА значи дека е до работ на вселената.
Главниот пилот Дејв Мекеј изјави дека погледот на Земјата ги надминал сите негови очекувања.
Извор: Klix.ba