Во текот на последните неколку години, Intel помина низ револуционерни промени, прераснувајќи од компанија која речиси исклучително произведуваше x86 процесори, во гигант кој сега се фокусира на вештачка интелигенција, машинско учење, дискретна графика и многу повеќе.

Компанијата, исто така, купи неколку компании за понатамошно да се пробие на нови пазари. Меѓу нив е и последната аквизиција на Ineda System, стартап финансиран од Imagination Technologies, Samsung, Qualcomm и други. Целта на оваа индиска компанија е создавање на прилагодени процесори со исклучително ниска потрошувачка на енергија.

Како дел од овој договор, Intel доби и 100 инженери од тимот INED за нивниот оддел за дискретна графика, која е област во која компанијата сака да се подобри во наредните години.

Intel веќе има неколку стотици инженери во Хајдерабад, кои работат на развој на софтвер. По оваа аквизиција, Intel планира да создаде глобален технолошки центар во овој град, каде што на почетокот ќе работат околу 1500 инженери, а се очекува бројот на работници во иднина да достигне и до пет илјади.