Астрономите ја нарекуваат “месечината што не треба да биде таму“, а по неколкугодишна анализа, тим од научници кои го користеле вселенскиот телескоп Хабл, конечно излегоа со објаснување за оваа мистериозната месечина, пишува Science Daily.
Малата месечина, наречена Хипокамп, е невообичаено блиска до многу поголемата месечина на Нептун, наречена Протеус. Нормално, месечина како Протеус би требало гравитациски да ја повлече или проголта помалата месечината, додека го расчистувала својот орбитален пат.
Според таа логика, зошто тогаш постои оваа мала месечина? Хипокамп веројатно е одвоено парче од поголемата месечина Протеус, настанато по судир со комета пред милијарди години.
“Првото нешто што го сфативме беше дека не можете да очекувате да пронајдете толку мала месечина веднаш до најголемата месечината на Нептун“, вели Марк Шоувалтер од Институтот SETI во Mаунтин Вју, Калифорнија. “Во далечното минато, со оглед на бавната миграција на поголемата месечина, Протеус некогаш се наоѓал на местото каде што сега е Хипокамп“, додава тој.
Сценариото е поддржано и од снимките на Voyager 2 од 1989 година, кои покажуваат кратер на Протеус, речиси доволно голем за да ја разруши месечината. “Во 1989 година, мислевме дека кратерот е крајот на приказната“, рече Шоувалтер. “Со помош на Хабл, сега знаеме дека мало парче од Протеус останало на тоа место, и денес истото го гледаме како Хипокамп“. Орбитите на двете месечини сега се на меѓусебно растојание од околу 12 илјади километри.