Многу луѓе се ужаснуваат дури и од самата помисла дека треба да седнат во авион, но постојат и такви кои уживаат, па дури и се прашуваат – зошто авионските прозорци се тркалезни, односно заоблени?

Авио-индустирјата во последните неколку години е во постојан развој, но во првата половина од минатиот век работите не биле толку сјајни. Имено, 1950-та година се зема како година на почетокот на комерцијалните летови со авион. На самиот почеток, прозорците во авионите биле во облик на квадрат.

Она што ги натерало да го променат нивниот облик била несреќата која се случила во 1954 година, кога авион во буквална смисла се распаднал во воздухот, при што загинале голем број на луѓе.

Верувале или не, причина за несреќата биле прозорците.

Логиката е едноставна – сè што има агол, автоматски има слаба точка. Прозорците во облик на квадрат имаат четири агли, што значи дека тоа се четири потенцијални слаби точки.

Поради тоа, инженерите како стандард поставиле тркалезен или елипсовиден облик на прозорци кои полесно можат да издржат висок притисок, како оној кој воздухот го создава на авионите во текот на летот.

Извор: Blic.rs