Социјалните мрежи прават огромни обиди да го спречат ширењето на митовите против вакцинацијата, но Pinterest оди еден чекор понапред. Компанијата изјави дека ќе ги тргне сите дискусии за вакцинацијата. Оваа страница изјави дека блокирала термини поврзани со вакцинација во 2018 година за да го ограничи ширењето дезинформации се додека не смисли поефективен начин за филтрирање на содржините. Компанијата се обиде целосно да ги повлече овие содржини, но сфати дека тоа не е возможно.
Според портпаролот на компанијата, корисниците се уште ќе може да постираат содржини за вакцинација на нивните профили, но тоа нема да може да биде пронајдено освен ако не влезете на страната на конкретниот корисник и ги проверите предлозите за поврзани дискусии. Повеќето од овие постови пропагираат ставови против вакцините, додаде портпаролот на компанијата.
Поврзани артикли