Компанијата Google повторно се враќа на Apple Watch со нова надградена верзија на Google Keep, апликација за фаќање прибелешки и тоа една година откако Google, Amazon и eBay апликациите беа отстранети од овој производ на Apple.
Најновата верзија на Google Keep за iOS, која беше објавена минатата вечер, за првпат вклучува и верзија за Apple Watch. Со ова таа станува прва апликација на Google која се враќа со верзија за Apple Watch, откако Google Maps беше отстранета во 2017.
Оваа апликација е составена од главен екран кој ги покажува десетте најнови забелешки, кои се претставени како карти. Корисниците можат да направат нови забелешки и листи со диктирање или користејќи ја scribble опцијата за да напишат писмо. Секако, можноста за користење emoji е исто така вклучена. Корисниците исто така ќе можат да додаваат повеќе нови забелешки на веќе постоечки листи, но нема да можат да менуваат веќе затворени забелешки.