Оваа година ќе ја имаме можноста да бидеме сведоци на револуционерен технолошки новитет. Се работи за подобрување на безжичниот систем како што се случува еднаш во деценија, а ќе им биде достапно на корисниците на мобилни телефони за само неколку месеци.
Не се работи за побрзи смартфони. Преминувањето на мобилна безжична мрежа од петтата генерација, позната како 5G, ќе им влијае на телефоните, но и на други уреди како индустриски роботи, безбедносни камери и дронови.
Новата ера ќе го заземе местото на веќе постоечката 4G мрежа и ќе им овозможи на телефоните поголема брзина за симнување и вчитување податоци, а промените ќе се почувствуваат и на полето на видеоигрите, спортовите и трговијата. Експерти од САД и Кина велат дека оваа технологија ќе придонесе за поширока употреба на вештачката интелигенција, но и на неколку други полиња.
Samsung неодамна ги презентираше прототиповите на телефони со 5G технологија. Многу компании се веќе на возот за премин во 5G мрежата ама не се очекува дека Apple ќе биде во првиот бран на преоѓање на оваа технологија. Аналитичарите предвидуваат дека новата технологија ќе биде достапна на моделите на iPhone дури по 2020 година.
Кога пристигнува 5G?
Што се однесува до корисниците на смартфони на територијата на САД, ним 5G мрежата ќе им биде достапна веќе во вториот квартал од 2019 година. Меѓутоа, смартфоните кои се моментално на пазарот не се опремени за поддршка на 5G мрежа, а првите 5G уреди на Samsung ќе пристигнат некаде кон крајот на првата половина од оваа година. Веднаш по САД, 5G мрежата ќе стигне во Велика Британија, Германија, Швајцарија, Кина, Јужна Кореја и Австралија.
Што точно е 5G?
5G е всушност збир на технолошки правила кои го дефинираат начинот на кој функционираат мобилните мрежи, вклучувајќи ги и радио-фреквенциите, но и на кој начин различните компоненти како компјутерски чипови и антени разменуваат пораки. За да можат да ја користат оваа мрежа, корисниците ќе мора да купат нови телефони.
Извор: B92.net
Поврзани артикли