Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг на F8 конференцијата изненади со најавата дека најголемата социјална мрежа ќе добие нова флерт-функција. Тоа веднаш се одрази на берзата.

За да ја користат функцијата за флертување, членовите на Facebook ќе мора да направат посебни профили кои ќе бидат видливи само за оние кои исто така се заинтересирани за флерт, најави Цукерберг. Facebook сака да го надгради она што на социјалната мрежа веќе и онака постои – запознавање и договарање состаноци.

Познато е дека профилот за флерт не би требало да биде видлив за Facebook-пријателите на корисникот. Тие, исто така, нема да можат да бидат предложени како потенцијални партнери. Комуникацијата меѓу две лица би требало да се одвива преку нова чет-форма.

Инвеститорите очигледно веруваат дека Facebook може да предизвика промени на пазарот на онлајн-флертување и посредување партнери, затоа што акциите на Match.com, која е мајка фирма на апликацијата за флертување Tinder, по најавата на Цукерберг загуби повеќе од една петина од својата вредност.

Шефот на Facebook особено потенцираше дека во развојот на новата функција за флертување ќе се внимава на тајност на податоците. По најновиот скандал со податоци, тоа на Цукерберг веројатно му е особено важно. Скандалот околу протекување информаци за корисници на фирмата за анализа Кембриџ Аналитика, играше централна улога при настапот на Закерберг на состанокот на програмерите на Facebook. Социјалната мрежа од откривањето на скандалот е под огромен притисок за ја подобри заштитата на податоците.