Дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата Celebrate
Life / Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде
поставена на 16-ти февруари 2019 година во Кафе Винил во Дебар Маало со
почеток во 20 часот.

Загадениот воздух е темата која што ќе ја обработува изложбата, проблем кој
што беше мапиран по пат на истражување како дел од изложбата на Индог.

Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни
градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10
честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати
повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.

Куратор на изложбата е Индог и ќе може да се погледнат дела на: Medina
Hodja, NaVe, Гога Стојковска, Дарко Лековски, Дијана Недева, Димитар Чаки
Чакар, Јован Јосифовски, Кристијан Стевковски, Мартин Митровски, Матејин
Бојан.

Изложбата ќе биде поставена до 28 февруари 2019 година.
„Проектот Емоции за еден град е финансиран од Фондација Отворено
општество – Македонија”