Досадните автомобилски аларми кои ги вознемируваат соседите кога се активираат би можеле да заминат во историјата ако новиот „експеримент“ на Tesla се покаже дека е ефективен.

Имено, по најновите ажурирања на софтверот во автомобилите на Tesla, истите ќе имаат навистина посебен аларм кој треба да ги спречи грабежите и кражбите.

„Sentry Mode“ ги користи сензорите во автомобилот за да открие кога некој ќе се приближи премногу до возилото. Кога ќе открие потенцијален провалник, тој вклучува осум камери кои се на возилото и го снима натрапникот, а притоа го активира и алармот. И тоа не било каков аларм кој иритира, туку класична музика која е невозможно да се игнорира.

Како што напиша самиот Илон Маск, од загрозените Тесли ќе ечи Токата и Фуга на Бах, но во нешто помодерна верзија.

Но, ова не е единствената новина во автомобилите на Tesla откако ќе го добијат редовното надградување на софтверот.

Целиот текст можете да го преземете на порталот Додај Гас