Европската вселенска агенција ЕСА и Руската вселенска агенција Роскосмос објавија фотографија која прикажува делта на некогашна река на Марс, која наликува на речната делта на Нил.
#SpaceScience #ImageOfTheWeek: Grab your #3D glasses & dive into a river delta on #Mars! ? This recent image was taken by @ExoMars_CaSSIS onboard our @ESA_TGO, currently investigating the planet’s atmosphere & mapping subsurface water-ice. #ScienceAtESA ?https://t.co/8v5iOWfmrZ pic.twitter.com/yy0doKpgLs
— ESA Science (@esascience) February 4, 2019
„Иако сега водата во течна состојба веројатно не постои на Марс, оваа фотографија покажува дека постоела пред многу години. Жолтите дамки на фотографијата укажуваат на оксидирани наслаги од железо, што е знак дека карпите кои ја чинат делтата некогаш биле прекриени со вода“, соопштија научници од Роскосмос.
Фотографијата е создадена со орбитер кој е лансиран во 2016. година. ESA ја проучува Црвената планета од 2003. година, а следната мисија е предвидена за 2020. година, кога ќе биде лансиран роверот ESA-Roskosmos.
Извор: Klix.ba