NASA објави видео кое покажува колку животот на нашата планета се сменил во текот на последните 20 години. Во видеото, можете да видите како снежната покривка на Северниот и Јужниот пол се намалува и зголемува периодично, но и што се случува со зелените површини на Земјата. Визуелизација е составена од слики од различни сателити – особено сателитот на NASA, SeaWiFS, лансиран во 1997 година, кој собира податоци за животот во океаните, како и временските сателити како Terra, Aqua и Suomi NPP.