Раководството на Apple реши да отпушти 200 работници кои беа вклучени во Titan, проектот за автономни возила на технолошкиот гигант, пишува CNBC.
Оваа одлука доаѓа кратко по назначувањето на Даг Филд како одговорен за Titan. Филд е поранешен инженер од Tesla, а проектот за автономни возила го води од август 2018 година заедно со Боб Менсфилд.
Интерно, под нивно раководство, беше спроведена голема реконструкција на тимот, каде што дел од работниците што беа отпуштени од проектот остануваат во Apple, но преместени во други сектори на компанијата.