Интернет-порталот на телеканалот „Ѕвезда“ објави видеоматеријал на кој се гледа нова летечка фигура (маневар) изведена од модернизираниот ударен хеликоптер Ми-28НМ. На неа се гледа како екипажот на хеликоптерот го врти леталото „по хоризонтална спирала“, при што тоа достигнува брзина од 90 км/час.

„Овој маневар сѐ уште не добил име. Хеликоптерот во хоризонтална траекторија, без осцилации во својата висина, се движи во воздушниот простор и истовремено се врти околу својата оска“, рече Алексеј Егоров, водител на специјализираната воена емисија „Военаја пријомка“ (Военная приемка).

Ми-28НМ претставува развоен проект на холдингот „Хеликоптери на Русија“. Борбената машина е способна да изврши широк спектар задачи, како што е борба против непријателска оклопна техника, нисколетечки воздушни цели кои се движат со мала брзина, операции за извидување, како и означување на цели за други хеликоптери, но и за борбени авиони.

Она што е посебно интересно е сериозното техничко унапредување на функциите за управување на хеликоптерот. Имено, инженерите конструира систем на двојни команди, што драстично го зголемува степенот на преживување доколку дојде до ранување на еден од членовите на посадата.

Во однос на основната верзија на „Ноќниот ловец“, двојни е зголемена зоната на откривање на цели и подобрени се маневарските способности на леталото, интегриран е посилен мотор и додадено е високопрецизно вооружување со зголемен дострел.

Инаку основниот модел на овој хеликоптер во октомври 2015 година беше префрлен во Сирија, каде во рамките на воздухопловната група на ВКС на Русија учествуваше во борбените дејства против терористичките сили на тој простор.

Извор: Russia Beyond