Софтверската надградба е понекогаш побитна од хардверската, а ова е точно во случајот на најновите слушалки на Logitech наменети за гејмерите. Компанијата ја објави G-серијата гејминг слушалки (G935, G635, G432 i G332), со кои пристигнува и G Thread – нов софтвер за прилагодување на профилите во зависност од игрите.
Logitech не објави специфични детали, но истакнува дека софтверот донесува чист и модерен интерфејс. Претходниот софтвер беше малку збунувачки, така што новата верзија би можела значајно да го подобри целосното искуство.
Секако, самите слушалки исто така имаат подобрувања. G935 и G635 се први модели кои го користат новиот Pro-G 50mm драјвер, за кој Logitech тврди дека комбинира сериозен бас со заокружен профил на звукот. Овие два модела се најживописни, со RGB осветлување и 7.1 каналниот DTS Headphone: X 2.0 сараунд звук. Единствената разлика е во конекцијата – G935 е безжичен модел, со батерија која трае 12 часа, додека G635 е модел со кабел.
Другите два модела се G432 и G332, кои ги немаат премиум функциите на претходно споменаатите слушалки, но пристигнуваат со 5оmm драјвери. G432 нуди 7.1-канален звук, додека G332 им е наменет на оние кои се задоволни со стерео звук.
Сите четири модели на новите Logitech гејминг слушалки ќе бидат достапни до крајот на февруари.
Поврзани артикли